Connect with us

Јирген Клоп „полуде“ по чудото на Борусија Дортмунд

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, „полуде“ по тинејџерската сензација на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам. Планот е тој да пристигне следното лето, а „црвените“ се подготвени да платат 95 милиони евра.


Ливерпул е подготвен да го собори клупскиот рекорд кој го држи Вирџил ван Дајк со трансферот од Саутемптон вреден 85 милиони евра за да го доведе сензационалниот млад англиски репрезентативец.

Тој пристигна во Дортмунд во јули минатата година од Бирмингем за 23 милиони евра, а пред само три месеци го продолжи договорот со клубот до јуни 2025 година за многу подобри услови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови