Поврзаноста на озлогласениот српски криминалец Вељко Беливук со раководството на фудбалскиот клуб Партизан, како и начините на кои тој го користел клубот за своите нелегални бизниси, и натаму се меѓу насоките на кои се фокусира истрагата, пишуваат српските медиуми.
Објавена е снимка од телефонски разговор меѓу мафијашкиот шеф и водач на навивачка фракција на „Гробарите“, и поранешниот потпретседател на ФК Партизан, Владимир Вулетиќ, кој поднесе оставка ден откако полицијата упадна и изврши претрес во клупските простории, а таму и беа уапсени неколкумина членови на криминалната група.
Доскорешниот функционер на ФК Партизан, Владимир Вулетиќ, е и вонреден професор на Правниот факултет во Белград.
На снимката може да се слушне како Вулетиќ, кој инаку е и вонреден професор по Римско право на Правниот факултет во Белград, разговара пријателски со Беливук. Тие, договарајќи се да се сретнат по неколку дена, дури и си кажуваат еден на друг дека се „сакаат“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski