Connect with us

Интер Мајами го потврди доаѓањето на Меси: Аргентинската мегаѕвезда се сели во Америка

Фудбалскиот клуб од МЛС лигата, Интер Мајами, вечерва официјално го потврди доаѓањето на Лионел Меси.


Аргентинецот пристигнува како слободен играч откако му истече договорот со Пари Сен Жермен.


Тој имаше желба да се врати во Барселона, но каталонскиот клуб не обезбеди доволно гаранции за неговото враќање. Исто така Меси имаше и грандиозна понуда од 1,2 милијарди евра од саудискиот клуб Ал-Хилал, но на крајот сепак одбра да игра во Интер Мајами и да живее во Америка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови