Connect with us

Интер го сака Кимпембе како замена за Шкриниар

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Преснел Кимпембе, може да ја продолжи кариерата во Интер, пренесува „Газета дело Спорт“. Според медиумот, италијанскиот тим ја разгледува опцијата да го купи играчот по завршувњето на оваа сезона.


Од Интер се уверени дека Французинот ќе се согласи на трансфер поради недостигот на минутажа во ПСЖ и очекуваниот потпис на Милан Шкриниар.


Актуелниот договор на Кимпембе со парискиот клуб е до јуни 2024. Оваа сезона 27-годишниот дефанзивец забележа 11 настапи за ПСЖ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови