Connect with us

Интер договори уште едно одлично засилување за следната сезона

Напаѓачот на Џенова, Алберт Гудмудсон, наводно, дал зелено светло за летен трансфер во Интер, пред Тотенхем и Јувентус.


26-годишниот Исланѓанец продолжува да блеска оваа сезона, играјќи клучна улога во тимот на Алберт Џилардино. За него интерес веќе пројавија неколку клубови, меѓу кои Интер, Јувентус и Тотенхем.


Неговиот договор со Џенова трае до летото 2027 година и има трансферна вредност од 30 милиони евра. „Газета дело Спорт“ пренесува дека Гудмундсон решил да му даде приоритет на останувањето во Италија и дал зелено светло за преселба во Интер ова лето.


Миланскиот гигант сега треба да постигне договор кој и одговара на Џенова, а една од идеите е позајмица со клаузула за задолжителен откуп.


Оваа сезона, Гудмудсон постигна 12 гола и забележа четири асистенции во 29 натпревари во Серија А и Копа Италија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови