Connect with us

Ибрахимовиќ го пропушта Европското првенство?

Веста дека Златан Ибрахимовиќ ќе ги пропушти последните три натпревари во сезоната дојде во најлош можен момент за Милан, кој води голема битка за пласман во Лигата на шампионите. Но, можно е шведскиот ас да го пропушти и Европското првенство.


Милан минатиот викенд го победи Јуве со 0-3, а во 66. минута славниот Швеѓанец мораше да замине надвор од теренот. Повредата на коленото се чини дека е уште потешка отколку што првично се сметаше. Италијанските медиуми наведуваат дека бил прегледан од специјалистот Волкер Мусал од Питсбург, кој му дал две опции.

Првиот е да оди на терапија, а вториот е да се подложи на операција. Во случај да реши да се оперира, Ибрахимовиќ би го пропуштил Европското првенство, но веројатно би бил комплетно подготвен да ја започне следната сезона. Во случај да се одлучи за традиционални терапии, нема гаранција дека ќе биде подготвен пред септември.

Со оглед дека Ибрахимовиќ има 39 години и дека договорот со Милан истекува во јуни 2022 година, италијанските медиуми наведуваат дека ова може да биде повреда што ефективно ќе ја заврши неговата богата кариера.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови