Connect with us

Хари Кејн утре ќе му „раскине“ на Тотенхем?

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, денеска го заокружува летниот одмор, продолжен по настапот со националниот тим на Европското првенство, и утре рано наутро треба да се појави во клупската база на Тотенхем. Тој ќе мора да ги направи задолжителните ковид-тестови, а потоа директно ќе се ушпати кон канцеларијата на претседателот Даниел Леви, со барање да му биде дозволен трансфер во Манчестер Сити.

Кејн смета дека најдобрите години му ги дал на Тотенхем, а сега сака да направи трансфер во клуб каде ќе се бори за трофеите во Премиер – лигата и во Лигата на шампионите. Даниел Леви постави речиси невозможни услови, бара 190 милиони евра отштета, иако Манчестер Сити е подготвен да плати 150 милиони евра.

Хари Кејн е подготвен дури и да отпочне со бојкот, а никој не би сакал таков развој на настаните. Ниту Тотенхем не посакува незадоволен фудбалер, посебно својот капитен, а ќе се крене и јавноста, со оглед дека тој е капитен и на националниот тим. Сите се надеваат дека сепак овие преговори ќе завршат достоинствено. Хари Кејн сака да си замине, а Тотенхем гледа да извлече што е можно повеќе од неговиот трансфер во Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови