Беласица триумфираше со 1-3 во пријателскиот натпревар на гостувањето против Пирин Благоевград.
Во првиот натпревар како шеф на стручниот штаб на Беласица, Ѓоко Хаџиевски стигна до триумфот против бугарскиот второлигаш на мечот кој се одигра на стадионот „Христо Ботев“ во Благоевград. Стрелци за струмичани беа Пепи Ѓоргиев, Мартин Мирчевски и Зоран Балдовалиев.
Хаџиевски, кој досега ја извршуваше функцијата спортски директор во клубот, сега и официјално е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Беласица, во обидот тимот низ продолжението од пролетната сезона да стигне до опстанок во прволигашкото друштво.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski