Connect with us

Гвардиола донел одлука кога ќе замине од Манчестер Сити

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, донел одлука за својата иднина, тврди „Football Insider“. Според изворот, 53-годишниот Шпанец има намера да го напушти тимот во 2025 година кога ќе му истече договорот. После тоа Гвардиола сака да направи пауза од тренерската кариера.


Гвардиола е на чело на Манчестер Сити од 2016 година. Оттогаш „граѓаните“ петпати станаа шампиони на Англија, двапати го освоија Купот и Суперкупот, а минатата година за првпат во својата историја станаа и победници на Лигата на шампионите.

Гвардиола претходно беше тренер на Баерн Минхен и на Барселона.

По 28 кола, Манчестер Сити е третопласиран на табелата во Премиер – лигата со 63 бода, еден бод помалку од Арсенал и од Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови