Најновото засилување на Кит Го, поранешниот младински репрезентативец Бојан Ѓорѓиевски веќе активно се приклучи на подготовките на тимот во Анталија.
Ѓорѓиевски го пропушти првиот дел од подготовките, но секако очекува максимално да биде подготвен за пролетниот дел од шампионатот.
„Среќен сум што доаѓам во клуб, организациски поставен на највисоко професионално ниво, поради што воопшто не размислував кога пристигна понудата. Верувам максимално ќе се вклопам во тимот соодветно одговарајќи на амбициите за највисок пласман во пролетниот дел од сезоната“ – вели 28-годишниот Ѓорѓиевски по пристигнувањето во редовите на Кит Го.
Бојан Ѓорѓиевски, кој потекнува од фудбалската школа на Вардар, покрај за најтрофејниот македонски клуб има настапи и за Металург, Победа, Работнички и Хоризонт Турново на домашната сцена, како и за белорускиот БАТЕ Борисов, летонската Сконто Рига, бугарскиот Нефтохимик, српскиот суперлигаш Мачва како и албанскиот прволигаш Теута. Последен негов клуб беше Шкупи од каде сега се сели во Кит Го.
Кит Го денеска од 13:30 часот го очекува и третиот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија, против данскиот ХИК.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нејмар ќе потпише нов договор со Сантос
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













