Connect with us

Фудбалерите до 18 години поразени од Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години загуби од Србија со 3-0 на пријателскиот натпревар во Стара Пазова.


Селекцијата на Србија сите голови ги постигна во првиот дел.

Бубањ во 27. минута го отвори резултатот на мечот. Во 32. минута Милошевиќ погоди за предност од 2-0. Во 39. минута, Бубањ го постигна својот втор гол и ги постави конечните 3-0.

Македонија: Петар Јакимов, Ѓорѓи Џеков, Абиола Бамијоко, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Лорик Каба Јакупи, Теодор Николовски, Зани Назифи, Мартин Ѓорѓиевски, Валон Алији, Хакија Цаноски;

Селектор: Тони Јакимовски;

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови