Connect with us

ФИФА ја укина суспензијата за Киран Трипие

Светската фудбалска организација (ФИФА) привремено ја укина суспензијата за Киран Трипие што ја одреди ФА на Англија поради основано сомневање дека влијаел при обложување на неговиот трансфер во Атлетико Мадрид. На Островот, на фудбалерите им е најстрого забрането да се обложуваат, но и да даваат информации кои што би можеле да придонесат за трети лица да можат да ја искористат за обложување. 

ФА на Англија му одреди десетнеделна суспензија на Киран Трипие сомневајќи се дека оддал информација за негов трансфер во Атлетико Мадрид, а потоа се појавиле сомнителни облози токму за неговото заминување во шпанскиот клуб. Тој доби забрана да тренира, игра натпревари за Атлетико Мадрид и да биде дел од репрезентацијата на Англија во период од десет седмици. 

Сепак, ФИФА одлучи привремено да ја укине суспензијата со оглед дека нема докази како Киран Трипие влијаел на облозите во одредени обложувачници во Велика Британија.

        

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови