Connect with us

Фановите го „погребаа“ Ливерпул пред гостувањето на „Иланд Роуд“ (ВИДЕО)

„РИП Ливерпул“….„Вратете ни го клубот“, се само дел од транспарентите со кои фановите на Ливерпул го очекуваат вечерашниот меч од Премиер – лигата против Лидс Јунајтед на „Иланд Роуд“. Славниот клуб од легендарниот „Енфилд Роуд“ одлучи да си ја „продаде душата“ на Европската Суперлига и заедно со уште пет премиерлигаши потпиша пристапница за новото натпреварување кое треба да стартува во август.

Но, фановите се екстремно гневни на потегот на челниците на Ливерпул. Бараат раководството да поднесе оставка и да го врати клубот на навивачите. Во ваква атмосфера, тимот на Јирген Клоп вечерва ќе го одигра мечот против Лидс Јунајтед на Езгјан Алиоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови