Шкендија два меча по ред е без постигнат гол, па тоа секако треба да биде аларм за лидерот на табелата. Но, така не мисли и шефот на стручниот штаб Ернест Ѓока. Вели дека Шкендија има сериозен офанзивен потенцијал и головите ќе си дојдат.
„Не ме загрижува што Шкендија не постигна гол на двата последни натпревари. Факт е дека треба да бидеме малку поагресивни во противничкиот шеснаесетник, затоа што шанси секако создаваме. И претходно реков, првенството станува повозбудливо и мора да бидеме внимателни и максимално фокусирани. Шкендија брзо ќе им се врати на победите, а така ќе го чува и врвот на табелата“, вели Ернест Ѓока.
Во првото коло од третата фаза во првенството, следниот викенд Шкендија го пречекува Пелистер во Тетово.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski