Елиф Елмас успеа да мине уште еден „филтер“ во изборот за најдобар млад фудбалер во светот за 2019 година, па македонскиот репрезентативец се најде и на листата од 40 најдобри играчи. Првичниот список од 100 најдобри фудбалери традиционално се крати за по 20 играчи на десетина дена, а Елмас го мина и третиот „филтер“, па асот на Наполи е дел од самата елита кога станува збор за големите таленти на светскиот фудбал.
Тој имаше одличен настап за македонската репрезентација асистирајќи при победата над Летонија, а во меѓувреме го одигра и првиот натпревар како стартер за Наполи, прикажувајќи извонредна игра против Сампдорија.
Во трката за оваа награда главни конкуренти се ланскиот добитник Матијс де Лихт, Жоао Феликс и Санчо.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski