Наполи им се врати на победите во Серија А откако ја совлада Сампдорија со 0-2. Македонскиот репрезентативец одигра одличен натпревар, изнуди пенал и го реализираше за потврда на триумфот.
„Среќен сум поради голот од пенал. Почувствував дека ќе погодам и затоа тргнав да го реализирам. Но, најважно е што Наполи победи, ја вративме победничката атмосфера. Не беше лесно да се победи овој тим на Сампдорија кој играше со многу енергија. Ние покажавме дека сме одлична група која функционира како семејство. Се боревме за секоја топка, а ја покажавме и нашата ментална сила“, изјави Елмас.
Во следното коло, Наполи го пречекува Јувентус.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski