Connect with us

Еибар во финишот дојде до значаен бод со Бетис

Екипата на Еибар во финишот дојде до значаен бод откако на домашен терен ремизираше со Бетис играјќи 1-1 во натпревар од 35. коло од шпанска Примера.

Гостите преку Гвардадо уште во 4. минута го отворија резултатот и мудро го чуваа се до 83. минута кога Енирих ја стресе противничката мрежа за конечни 1:1.

Ремито не ги задоволува и двата тима. Еибар води тешка борба за опстанок и во моментот со 30 бодови е на дното од табелата, додека Бетис ќе мора во следното коло да ги обезбеди трите бодови против Хуеска со цел да го сочува шестото место кое води во европски натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови