Connect with us

Драма на “Ренато Дал’Ара”: Милан со двајца играчи повеќе дојде до триумф (ВИДЕО)

Милан едвај успеа да стигне до планираните три бода на гости против Болоња (2-4), откако прокоцка водство од 2-0 што го имаше по завршувањето на првото полувреме. Рафел Леао го отвори натпреварот со одличен погодок со левата нога во 16. минута, по асистенција на Златан Ибрахимовиќ. Набргу, при еден напад на “росонерите”, Круниќ се најде во чиста позиција за погодок, но беше соборен од страна на Сумаоро, кој поради ова, заработи директен црвен картон.

По нецели 20 минути, капитентот Давиде Калабрија ја искористи гужвата во шеснаестникот на домашниот голман, Лукаш Скорупски, па го постигна својот втор погодок сезонава. По паузата, следеше тотален крах на составот на Стефано Пиоли, бидејќи само четири минути по враќањето на теренот, Ибрахимовиќ случајно ја постави својата глава при еден корнер на Болоња, и со тоа си ја затресе сопствената мрежа. На домаќините им требаше само три минути за да го постигнат изеначувачкиот погодок, иако во тој момент, се уште беа со играч помалку на теренот.

Сепак, тимот на Синиша Михајловиќ мораше да ги изигра останатите пола час од мечот со уште едан играч помалку, односно “росонерите” добија предност од двајца играчи повеќе на теренот. Ова ја запечати судбината на “црвено-сините” кои евентуално не го издржаа притисокот на Милан, па така во 84. минута, Исмаел Бенасер го го доведе својот клуб во ново водство од 3-2 благодарение на извонредниот шут со лева нога. Додека пак, шведскиот ветеран Ибра го додаде својот придонес, и конечно се запиша во листата на стрелците, овој пат во мрежата на Скорупски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови