Connect with us

Џуд Белингем е избран за фудбалер на сезоната во Бундес-лигата

Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, е избран за „играч на сезоната“ во германското првенство, објави Бундес-лигата.


19-годишниот плејмејкер со својот тим на драматичен начин ја пропушти титулата на последниот ден од Бундес-лигата, но играчот од средниот ред сепак имаше одлична сезона на лично ниво. Сезонава има 42 настапи, 14 гола и седум асистенции во сите натпреварувања.


Англискиот репрезентативец, кој е младински играч на Бирмингем, се верува дека веќе го одигра последниот натпревар за Борусија Дортмунд и во летниот преоден рок ќе се пресели во Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови