Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде без помошта на Дарко Чурлинов на квалификациските натпревари против Украина и против Англија. Тој е хоспитализиран во Белград поради сепса, а здравствената состојба му се влошила по интервенција на забите.
„Дарко Чурлинов е во болница во Белград, а засега и докторите сѐ уште ја утврдуваат неговата здравствена состојбаа. Имал внатрешно труење, не се знае дали е последица од проблеми со забите или поради анестезија при интервенција. Познавајќи го каков борец е Дарко, верувам дека многу брзо ќе излезе од болница, а добро е што најлошите денови се зад него“, изјави селекторот за состојбата на Дарко Чурлинов.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski