Connect with us

Чурлинов е вистинска „машина за голови“ – Нови два гола, вкупно 15 во јуниорската Бундеслига

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов запиша нови два погодоци во јуниорската лига на Германија овој пат во триумфот на Келн од 5-0 против Редингхаусен.

Со најновите два гола Чурлинов стигна до вкупно 15 гола сезонава, сега издвојувајќи се осамен на врвот од листата на најдобрите стрелци во јуниорска конкуренција. Во 16 натпревари сезонава во дресот на Келн во младинската лига постигна 15 погодоци, и тоа на само девет натпревари.

Токму поради импресивната гол серија претходно, Чурлинов ги мина и комплетните зимски подготовки во првиот тим на Келн па наскоро се очекува негово деби и во Бундеслигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови