Connect with us

Чави го враќа Луис Суарез на „Камп Ноу“?

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, го создава тимот кој на каталонскиот клуб треба да му донесе нова жетва на трофеи во годините што следат.


Единствено што му недостасува во сложувалката е класичен напаѓач, па иако се шушкаше за Роберт Левандовски, дури и за Ерлинг Халанд, на „Камп Ноу“ може да се врати добро познато лице.
Новинарот Хозе Алварез во ТВ емисијата „Чирингито“ откри дека Барселона е заинтересирана да го врати Луис Суарез во своите редови.

Во оваа приказна всушност има многу логика. Барса е во сериозни финансиски проблеми и доколку летово не продаде дел од фудбалерите ќе нема пари за скапи трансфери. Договорот на Луис Суарез со Атлетико Мадрид истекува на крајот од сезоната и тој би дошол како слободен агент.

За Суарез се интересираат и Астон Вила и Њукасл во Премиер – лигата, како и Интер Мајами од МЛС – лигата во САД.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови