Connect with us

Биелса го одби Евертон, Шон Дајш ќе биде нов менаџер

Поранешниот тренер на Барнли, Шон Дајш, денеска треба да биде назначен за нов менаџер на Евертон, соопшти „Скај Спортс“. Ова откако другиот главен кандидат за клупата, Марсело Биелса, ја одби понудата на „карамелите“.


Аргентинецот вчера пристигна во Англија за директно да разговара со сопственикот на Евертон, Фарад Мошири, и со управниот одбор на клубот, но, сепак, не се нафати да го преземе кормилото на тимот.

Дајш е практично единствениот сериозен кандидат кој остана подготвен да ја преземе тешката задача токму сега. Тој ќе го наследи Френк Лампард, кој беше отпуштен претходно оваа недела. Дајш ќе биде шестиот менаџер на Евертон во последните пет години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови