Connect with us

Бензема се повреди, но „кралевите“ го освоија Сан Себастијан (ВИДЕО)

Реал Мадрид остана без Карим Бензема, кој се повреди по само петнаесетина минути игра, но, сепак, оствари многу важен триумф на гости (0-2) против Реал Сосиедад. Лука Јовиќ доби шанса од Карло Анчелоти да го замени повредениот Бензема и конечно успеа да ја искористи. Тој погоди во 57.минута од мечот потврдувајќи го триумфот на „кралевите“.

На самиот почеток од второто полувреме, резултатот го отвори Винисиус Жуниор со голот во 48.минута од натпреварот.

„Кралевите“ сега имаат осум бода предност пред Севилја на врвот на табелата во Ла Лига, а на актуелниот првак Атлетико Мадрид му бегаат огромни десет бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови