Connect with us

Барди двоен стрелец за Трабзонспор (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди имаше фантастична партија за Трабзонспор во првенството на Турција. Тој постигна два гола иако влезе во игра пред крајот на првото полувреме. Сепак, Трабзонспор загуби со 5-2 на гостувањето кај Анталијаспор.

Енис Барди го стартуваше мечот на клупата за резерви, но доби шанса во 43.минута на местото на Хасполат Догуџан.

Во тие моменти Трабзонспор губеше со 2-0 од Анталијаспор и постигна гол во последните мигови од првото полувреме.

Во 73.минута Барди постигна уште еден гол за израмнување, но Трабзонспор не освои бод на ова гостување.

Во завршницата, Анталијаспор постигна дури три гола. Бајракдар Ѓокдениз даде два гола, а серијата голови ја затвори Хаџи Рајт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови