Connect with us

Баерн ќе тргне по Нагелсман ако Ханси Флик стане германски селектор

Европскиот и светски клупски првак Баерн Минхен има подготвен план за наследник на тренерот Ханси Флик доколку тој стане нов селектор на фудбалската репрезентација на Германија. Актуелниот селектор Јоаким Лев најави дека ќе се повлече од кормилото по Европското првенство по деценија и пол на клупата на „панцирите“.

Ханси Флик се вбројува како еден од најсериозните кандидати за негов наследник заедно со Ралф Рангник и со Јирген Клоп, па раководството на Баерн Минхен веќе знае кој би сакал да го замени Флик на клупата на баварскиот клуб.

Младиот стратег Џулијан Нагелсман, кој го предводи Лајпциг, ќе биде првата цел на Баерн Минхен доколку Ханси Флик замине. Нагелсман досега одби неколку неверојатни понуди од Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен, но, сепак, тој има изјавено дека од најмали нозе е фан на Баерн Минхен и дека во детството со неговиот татко ги гледал во живо натпреварите на баварскиот клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови