Connect with us

Американките на Влатко Андоновски елиминирани во осминафиналето на СП

Американките ќе ја предадат круната. Светот ќе добие нов фудбалски владетел во женска конкуренција откако бранителот, селекцијата на Соединетите Американски Држави доживеа елиминација уште во осминфиналето на Мундијалот во Австралија и Нов Зеланд.


Селекцијата на САД, на чие кормило е македонскиот стратег Влатко Андоновски, е поразена од Шведска, по изведуање пенали (4-5). Мечот заврши без голови во регуларниот дел, и по продолженијата.

Шведска во четвртфиналето ќе игра против Јапонија, а Холандија, која со 2-0 ја совлада Јужна Африка, ќе се сретне со Шпанија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови