Connect with us

Алиоски: На сите ни е јасно, мораме многу подобро од мечот со Австрија

Езгјан Алиоски ги надмина проблемите кои го мачеа на крајот од ланската сезона, па почна да прикажува одлични игри во дресот на Лидс. Се очекува левиот бек да продолжи во ист ритам и во репрезентативниот дрес, се со цел да се остават зад себе разочарувачките игри и поразите од Полска и од Австрија во јунскиот квалификациски циклус.

„Атмосферата во националниот тим е добра, но оние порази од Полска и особено од Австрија малку како да не освестија. Сега на сите ни е јасно дека ќе мораме многу подобро да одиграме со Израел и со Летонија доколку сакаме да се вратиме на победнички патеки. Подготвени сме, максимално мотивирани, Израел ќе игра пред домашна публика, меѓутоа ќе мораме сето тоа да го издржиме, да покажеме карактер и квалитет ако сакаме да извлечеме поволен резултат“ – изјави Алиоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови