Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски потпиша договор на четири години со шпанскиот прволигаш Мајорка, објави клубот на официјалниот сајт. По ситуацијата со Палермо кој беше административно исфрлен во четврта лига, тој стана слободен агент и одлучи да ја прифати понудата за преселба во Ла Лига ставајќи потпис на четиригодишна верност кон Мајорка.
Трајковски одигра 113 натпревари за Палермо во четири сезони, две во Серија А и две во Серија Б, постигна 20 гола и забележа 16 асистенции. За македонскиот национален тим досега има 39 натпревари и 12 гола.
Александар Трајковски ќе биде вториот Македонец кој ќе игра во Ла Лига во претстојната сезона, покрај Енис Барди кој е член на Леванте.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski