Connect with us

Алегри: Интер е фаворит за „скудетото“

Само што Јувентус почна да победува, дојде време за „Дербито на Италија“ каде ќе ги одмери силите со Интер. Прашање е дали „дамата“ ќе го искористи налетот во кој се наоѓа или можеби овој меч не доаѓа во вистинско време.


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, сепак вели дека овој натпревар не е клучен во трката за „скудетото“.

„Ако ја погледнеме табелата, натпреварот со Рома беше многу поважен. Не можеме да мислиме дека ќе го освоиме или загубиме првенството по само еден натпревар. Не можат да не ’убијат’, нема да биде решавачки меч, туку едно убаво искуство. Ќе имаме нова пауза во ноември, ќе видиме колку направивме и ќе го планираме следниот чекор. Сезоната дефинитивно ќе се решава во последните три месеци, но мора да бидете таму, блиску до врвот“, изјави Алегри.

Тој беше директен и кога беше во прашање фаворитот за титулата во Серија А.

„Ќе биде убава вечер во Милано, особено затоа што на стадионот ќе има околу 60.000 гледачи со големи очекувања. Интер, сепак, е фаворит за „скудетото“, според мене. Ќе биде важен тест за нас против силен тим“, истакна Алегри.

Дуелот меѓу Интер и Јувентус се игра вечерва на „Џузепе Меаца“, со почеток во 20.45 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови