Connect with us

Алаба е подготвен за финалето на ЛШ

Австрискиот репрезентативец Давид Алаба изјави дека се чувствува добро и е подготвен за финалето на Лигата на шампионите. Реал Мадрид, в сабота на 28 мај, во француската престолнина Париз ќе се соочи со Ливерпул во битката за најпосакуваниот европски трофеј.


29-годишниот Алаба заработи повреда на мечот со Осасуна во шпанското првенство и одигра само едно полувреме на првата средба против Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите. Тој се врати на тренинзите минатата недела и уверен е дека целосно е подготвен за големиот натпревар овој викенд.

„Јас се чуствувам добро. Имав доволно време да се опоравам. Работев многу напорно во изминатите неколку дена за да бидам 100 отсто подготвен за финалето“, изјави Давид Алаба.

Натпреварот на стадионот „Стад де Франс“ е закажан за 21 часот, в сабота.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови