Connect with us

Адеми, Ристовски и Барди ја напаѓаат Лигата на шампионите

Почнува разврската за влез во групите од Лигата на шампионите, а таму вечерва ќе има и тројца македонски актери. Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб гостуваат во Норвешка, каде хрватскиот првак ќе ги одмери силите со Бодо/Глимт, а Енис Барди со Трабзонспор ќе биде гостин во Данска.


„Сите добро знаеме што носи овој двомеч со Бодо/Глимт. Вечерва не очекува важен натпревар, но овој Динамо Загреб заслужува да биде дел од групната фаза во Лигата на шампионите. Нашиот клуб има големи цели и уверен сум дека можеме да ги оствариме“, изјави Стефан Ристовски во пресрет на вечерашниот меч на Динамо во Норвешка.

Енис Барди пред неколку дена направи трансфер од Леванте во Трабзонспор и со турскиот првак отпатува на дуелот против данскиот Копенхаген. Тој го очекува дебито во својот нов тим, што можеби ќе се случи веќе на важната пресметка против Копанхаген.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови