Connect with us

Ачерби се извлече без казна по обвинението за расизам

Дефанзивецот на Интер, Франческо Ачерби, е прогласен за невин од Спортскиот Суд во Серија А во истрагата против него.


Како што е познато, 36-годишниот дефанзивец на „нероаѕурите“ беше обвинет дека употребил расна навреда против дефанзивецот на Наполи, Хуан Жесус за време на ремито 1-1 во последното коло од италијанската елита.

Сепак, Ачерби тврдеше дека не употребил дискриминаторски јазик кон својот противник. Се чини дека судиите му поверуваа на италијанскиот интернационалец и затоа нема да има казна за искусниот фудбалер, кој можеше да биде суспендиран на најмалку 10 натпревари доколку беше прогласен за виновен.

Причина за денешната одлука е тоа што немало доволно докази за употреба на расистички јазик од страна на обвинетиот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови