Connect with us

Серија А без реми – такво чудо не се случило половина век

Нешто невидено 51 година се случи во првото коло од новата сезона во Серија А. Ниту еден од натпреварите во колото не заврши со нерешен резултат.


Од десетте натпревари, на пет победија домаќините, а на пет гостите. Последното такво нешто се случи во сезоната 1971-72, но разликата е во тоа што тогаш италијанското првенство го сочинуваа 16 екипи и соодветно се одиграа 8 натпревари. Тогаш во првото коло 6 победи остварија домаќините, а две – гостите.

Ова е четврти ваков случај во историјата на Серија А. Освен сезоната 1971-72, имаше уште два наврати кога немаше нерешен резултат во првото коло на Калчото. Тоа се случило во далечните сезони 1933-34 и 1934-35 година.

Првото коло во Серија А беше извонредно и од друга причина. Никогаш досега во историјата сите осум екипи кои минатата сезона завршија на првите 8 места во конечниот пласман не ги добиле своите први натпревари од новата сезона. Сепак, тоа сега е факт откако Милан, Интер, Наполи, Јувентус, Лацио, Рома, Фиорентина и Аталанта забележаа победи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови