Connect with us

Серхио Рико се бори за живот: Има скршени прешлени на вратот и доживеал мозочен удар

Голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико, се наоѓа во критична здравствена состојба во клиника во Андалузија откако имаше несреќа при јавање. Тој има скршени прешлени на вратот и доживеал мозочен удар, па сѐ уште се бори за живот. Според информациите, следните 48 часа ќе бидат клучни за проценка на неговата состојба.


„Тој е во тешка состојба“, изјави портпаролот на ПСЖ без да соопшти повеќе детали.


Шпанските медиуми откриваат дека Серхио Рико паднал од коњот, а потоа коњот со копито го удрил во главата при падот. Веднаш, со хеликоптер е пренесен во клиника во Севилја и ставен е во индуцирана кома.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови