Connect with us

Покетино: ВАР го уништува англискиот фудбал

Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино, удри по судијата по нерешениот резултат 2-2 против Астон Вила во Премиер лигата. Конкретно, тренерот е лут поради поништениот гол за неговиот тим во судиското продолжение, кој веројатно ќе донесеше победа.


Аргентинецот беше налутен од одлуката на судиите, со помош на ВАР, на крајот да досудат дека во ситуацијата Беноа Бадијашил направил прекршок над Даглас Луиз пред топката да стигне до Аксел Дисаси, кој со глава ја упати во мрежата.

„Сите кои го гледаа натпреварот беа разочарани. Тоа беа две различни работи: судијата рече дека има прекршок и го поништи голот, а потоа отиде во ВАР да го потврди тоа. Овој судија е неверојатен, сето ова е смешно“, прокоментира Покетино.

„Тешко е да се прифатат некои работи. Пред две недели, во полуфиналето на ФА Купот против Манчестер Сити, имаше играње со рака (на Џек Грилиш – б.р.), но не ни беше досуден пенал. Тогаш арбитарот не го провери ова преку ВАР. Боли… Го боли англискиот фудбал. Мислам дека самите играчи и навивачи на Астон Вила не разбраа зошто нашиот гол беше поништен.

Велат имало прекршок. Меѓутоа, ако ја погледнеме оваа борба еден на еден, ако внимаваме на секоја таква ситуација на натпреварот, ако одлучиме дека ова е фаул, тогаш тимовите никогаш нема да завршат со 11 играчи“, додаде менаџерот на Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови