Connect with us

Ле Авр ја одложи шампионската прослава во Париз (ВИДЕО)

Ле Авр беше на прагот на сензација, да слави на гости во Париз, но и со ремито (3-3) сепак ја одложи шампионската прослава на ПСЖ. Гостите се борат за опстанок и овој бод ќе им биде од големо значење. „Светците“, пак, со мислите се во полуфиналето на ЛШ и дуелите со Борусија Дортмунд.

Опери во 19.минута донесе водство за Ла Авр, а возврати Баркола десет минути подоцна. Но, повторно предност за гостите обезбеди Андре Ајев со голот во 38.минута.

Абдулаје Туре од пенал зголеми на 1-3 во вториот дел, но и тоа не беше доволно за триумф.

Ашраф Хакими во 78.минута постигна погодок за 2-3, а Гонсало Рамош во судиското продолжение донесе реми.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови