Connect with us

Челси се разбуди и остана непоразен на „Вила парк“ (ВИДЕО)

Астон Вила имаше предност од 2-0, но тоа не беше доволно да дојде до триумф против Челси. „Сините“ од Лондон постигнаа два гола во второто полувреме и останаа непоразени, а во судиското продолжение Дисаси постигна уште еден, но не беше потврден од ВАР поради фаул во текот на акцијата.

Кукурелја си постигна автогол во четвртата минута, а Морган Роџерс во 42.минута зголеми на 2-0.

Нони Мадуеке погоди за 2-1 во 62.минута, а Конор Галахер израмни во 81.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови