Connect with us

„Бомба“ од Дортмунд: Борусија сака да го купи Вирџил ван Дајк

Борусија Дортмунд оваа сезона ја загуби брзо трката за шампионската титула во Бундес-лигата, но игра во полуфиналето на Лигата на шампионите. Раководството на клубот веќе размислува за новата сезона, а крои план за ангажман на огромно засилување од Премиер-лигата.


Борусија Дортмунд сака во своите редови да го види Вирџил ван Дајк. Се споменува дека Холанѓанецот на лето би можел да го напушти Ливерпул, а најголем интерес засега покажуваат токму „милионерите“.

Корпулентниот 32-годишник од Бреда, кој со години е еден од најдобрите стопери во светот, има договор со Ливерпул до летото 2025 година, односно до крајот на следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови