Connect with us

Новиот менаџер на Ливерпул издаде налог за купување на ѕвездата на Лидс

Новиот менаџер на Ливерпул, Арне Слот, речиси сигурно ќе ја направи ѕвездата на Лидс Јунајтед, Крисенсио Сомервил, една од неговите први трансфер цели летово по преземањето на „црвените“.

Слот се очекува да биде објавен наското како наследник на Јирген Клоп на „Енфилд“ на крајот од сезоната, а сегашниот шеф на Феенорд се чини дека не губи време и веќе ја започна задачата да го освежи својот нов тим.


Според холандските медиуми, Арне Слот е „луд“ фан на крилниот напаѓач на Лидс, Крисенсио Сомервил, кој беше поврзуван со голем број клубови. Тој е посакуван и од Челси, Арсенал, Баер Леверкузен и од Астон Вила, откако 22-годишниот сонародник на Слот имаше извонредна сезона со клубот од „Еланд Роуд“.

Левото крило сезонава има 20 гола и десет асистенции во сите натпреварувања за Лидс, кој се бори за промоција во Премиер – лигата. Тимот на Даниел Фарке моментно е на второто место на табелата, со идентичен број бодови со Ипсвич, кој има натпревар помалку на само едно коло до крајот на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови