Connect with us

Андре Вилјаш-Боаш е новиот претседател на Порто

Андре Вилјаш-Боаш е новиот претседател на Порто, соопштија од клубот. Тој ќе го наследи Пинто да Коша, кој раководи со „змејовите“ повеќе од четири децении.


Поранешниот тренер, кој е 32. претседател во историјата на Порто, е избран со 26.000 гласови.
Вилјаш-Боаш е поранешен тренер на клубот од „Драгао“ од сезоната 2010/11. Потоа беше менаџер на Челси и на Тотенхем. Подоцна стана тренер во Зенит Санкт Петербург, Шангај и Олимпик Марсеј. На крајот се повлече од фудбалот и се посвети на Светското рели првенство во WRC3.

„Поради одговорноста која ми ја дадовте со вашите гласови, ветувам дека ќе го дадам животот за Порто“, изјави 46-годишниот Португалец пред медиумите и навивачите на тимот.

Порто е третопласиран на табелата во првенњтвото на Португалија со 62 бода. Бенфика е на втората позиција со 76, а лидерот Спортинг Лисабон има 80 бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови