Connect with us

Атлетико Мадрид го доби дуелот за ЛШ со Атлетик Билбао (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид оствари значаен триумф (3-1) против Атлетик Билбао во пресметката за Лигата на шампионите. Сега тимот на Диего Симеоне има шест бода предност во однос на главниот ривал за четвртата позиција која ја отвора вратата кон елитното европско клупско натпреварување.

Родриго де Пол донесе водство за домаќинот во 15.минута, но возврати Нико Вилијамс пред крајот на првиот дел.

Во второто полувреме, сепак, Атлетико најде начин да дојде до триумф. Анхел Кореа во 52.минута го врати водството, а третиот гол беше постигнат во 80.минута и е запишан како автогол на Унаи Симон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови