Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, е повреден од зборовите кои му ги упати поранешниот прв човек на клубот, Ули Хенес.
Легендарниот Ули Хенес ја коментираше работата на Томас Тухел во Баерн. Искусниот стручњак не беше премногу импресиониран од тренерот и имаше навистина тешки зборови за Тухел.
Хенес смета дека Тухел не знае како да ги подобри младите играич и дека доказ за тоа се фудбалерите кои ги имал во Баерн.
„Не го обвинувам Томас Тухел за лошите резултати, но добро го познавам и тој е тренер кој не знае како да ги направи Дејвис, Павловиќ или Мусијала подобри играчи. Тој веднаш купува нов играч. Мислам дека треба да им каже да работат понапорно и да им ја даде дополнителната самодоверба“, изјави Хенес.
Тухел ги слушна овие зборови и не беше среќен. Тој е крајно разочаран од зборовите на легендата на клубот.
„Тоа е далеку од реалноста. Навистина не знам како да одговорам на тоа. Ја навреди мојата тренерска чест”, изјави разочарано Тухел.
„Ако сум докажал нешто во изминатите 15 години, тоа е дека младите играчи секогаш имаат место ако играат добро. Изјавата на Ули навистина нема никаква смисла“, изјави Тухел.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski