Connect with us

Сака: Мечот против Тотенхем ни е повеќе од финале

Напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака, во денешното дерби против Тотенхем гледа нешто посебно. Од една страна неговиот тим се бори за титулата во Премиер – лигата, од друга, пресметката со „мамузите“ секогаш била посебна за клубот.


„За нас секој натпревар е финале до крајот. Но, бидејќи ова е и дербито на северен Лондон, овој натпревар е уште поважен“, изјави Сака.

Тимот на „Емирати“ е лидер на табелата, но Манчестер Сити има одиграно еден натпревар помалку и од тој аспект е во пол-позиција за шампиоскиот трофеј. Ливерпул по вчерашното реми (2-2) против Вест Хем, реално веќе е надвор од трката.

„Знам што значи за мене, за моите пријатели, за моето семејство и очигледно за нашите поддржувачи да го победиме Тотенхем“, продолжи Сака. „Но, во овој случај, зборувам за нешто повеќе од едноставно само триумф над нив. Неопходно е да се фокусираме на постигнувањето на успехот и да не размислуваме за ништо друго“.

Во првиот натпревар од сезоната, Арсенал не успеа да го победи Тотенхем, играјќи 2-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови