Connect with us

Проблеми за Баерн пред дуелот со Реал во ЛШ: Мусијала, Лајмер и Де Лихт неизвесни за настап

Играчите од средниот ред Џамал ​​Мусијала и Конрад Лајмер, и дефанзивецот Матијс де Лигт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид во вторник.


Мусијала вчера не настапи во победата на Баерн во Бундес-лигата над Ајнтрахт Франкфурт поради болки во тетивата.

„Тој навистина сакаше да игра. Имаше два дена кога не чувствуваше болка, но му се врати во текот на вчерашниот ден“, објасни тренерот на Баварците, Томас Тухел.

Лајмер го повреди зглобот на дуелот со Ајнтрахт, а Де Лихт куцаше изглегувајќи од теренот откако ги повреди лигаментите на коленото.

„Ќе видиме дали и двајцата ќе бидат достапни за натпреварот во вторник. Ќе треба да почекаме да видиме што ќе покажат деталните медицински тестови“, додаде Тухел.

Неизвесно е и учеството на Серж Гнабри и Лирој Сане, кои поради повреди не беа во составот за мечот против Ајнтрахт Франкфурт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови