Connect with us

Илиевски: Респект за Тиквеш, ние сакаме бодови од Кавадарци

Македонија ЃП брзо ја заври европската одисеја, па имаше доволно време да се фокусира и на подготовка за стартот на новата сезона во Првата лига. „Лавовите“ денеска ќе го предизвикаат Тиквеш во Кавадарци.


„Знаеме дека секогаш е тешко да се игра во Кавадарци, и затоа носиме голем респект за Тиквеш. Но, сакаме да го повториме последниот резултат кога гостувавме во Кавадарци. Подготвени сме максимално и ќе одиме на победа на стартот од новата сезона во Првата лига“, вели стоперот на Македонија ЃП, Бојан Илиевски.


Тиквеш исто така значително го реновираше својот тим ова лето. Доведени се неколку квалитетни засилувања, па тренерот Ѓорѓи Мојсов верува дека составот ќе игра значајна улога на прволигашката сцена.

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА, 1. КОЛО (17 часот)


ВОСКА – ШКЕНДИЈА


СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР


АП БРЕРА СТРУМИЦА – ВАРДАР


БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС


ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП

УТРЕ: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови