Connect with us

Дарко Велковски се сели во Саудиска Арабија

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски прави трансфер во Саудиска Арабија. Тој ќе биде нов член на Ал Етифак. Откако му заврши договорот со хрватскиот прволигаш Ријека, дефанзивецот одлучи да ја прифати богатата понуда на Ал Етифак.

Клубот потврди дека е постигнат договор за сезоната 2022/23, Дарко Велковски да го носи дресот на Ал Етифак. Тој ќе му се придружи во Саудиска Арабија на Александар Трајковски, а минатата сезона таму настапуваше и Езгјан Алиоски, кој сега се врати во Европа и потпиша за Фенербахче.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови