Connect with us

Челси ќе остане без пет ѕвезди поради санкциите кон Роман Абрамович

Англискиот премиерлигаш Челси се наоѓа во екстремно тежок период откако Велика Британија го „замрзна“ имотот на Роман Абрамович, но неверојатно многу ја ограничи и работата на фудбалскиот клуб од „Стемфорд бриџ“. Освен тоа што ќе можат да се исплаќаат тековните плати и да се организираат натпревари, се друго е блокирано за клубот, дури и продажбата на билети.


Ако овие „санкции“ продолжат, тогаш Челси нема да може да ги продолжи договорите со петмина фудбалери. Цезар Аспиликуета и Андреас Кристенсен се на чекор до Барселона, а и Антонио Рудигер подолго време преговараше со клубот, но не дојде до договор. Слободен да си замине ќе биде и Саул Нигез кој ќе се врати во

Атлетико Мадрид, а петтиот фудбалер што ќе го напушти „Стемфорд бриџ“ е Чарли-Мусонда.
Уште поголем проблем за Челси е што нема да може да ангажира нови фудбалери, а ниту Роман Абрамович според новата одлука на британската влада не може во овој момент да го продава клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови