Connect with us

Баерн Минхен неколку недели без Лукас Хернандез

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Лукас Ернандез, кој го постигна првиот гол во победата од 2-0 над Барселона, ќе отсуствува неколку недели поради повреда на бутниот мускул. Ова го потврди тренерот на баварскиот тим, Џулијан Нагелсман.


Хернандез ќе ги пропушти и натпреварите од Лигата на нации на Франција.

„Кингсли Коман и Буона Сар исто така остануваат надвор од тимот. Дајот Упамекано ќе биде на располагање. Бењамин Павар исто така тренираше и е подготвен за игра“, додаде Нагелсман.

Тој се надева дека Баерн Минхен ќе може да ја прекине серијата од три нерешени натпревари во низа во Бундес-лигата, по која го загуби врвот на табелата.

„Сега ни е поважно да работиме напорно на теренот и да постигнуваме резултати отколку да прикажеме неверојатен фудбал. Мораме да ги користиме шансите што ги создаваме“, заклучи Нагелсман.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови