Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Словенија на првиот тест пред заминување на Европското првенство. Елиф Елмас донесе водство за македонскиот национален тим во 55.минута со одличен удар откосо од десната страна, но Словенија возврати во последните секунди од мечот преку Домен Черногој.
Селекторот Игор Ангеловски е задоволен од најголемиот тек од натпреварот, но исто така и увиде некои грешки кои ќе треба да се исправат во последните денови од подготовките. Жали што не прославивме победа поради навивачите.
„Да се заблагодарам на навивачите, им благодарам на поддршката, жалам што не прославивме со победа. Ја постигнавме целта, иако на крајот не победивме. Но, имавме доминација во поголем тек од натпреварот, посебно во второто полувреме, создадовме и повеќе шанси, мислам дека требаше да постигнеме најмалку уште еден погодок. Ги одбравме Словенците затоа што играат во иста формација како Австрија, брза транзиција и верувам дека ќе бидеме комплетно подготвени до почетокот на Европското првенство“, изјави Игор Ангеловски.
Матјаж Кек вели дека Македонија е подготвена за добар настап на Европското првенство и тврди дека тоа не го говори само од куртоазија.
„Сакам да им посакам среќа на Македонците на Европското првенство. Одигравме две различни полувремиња, задоволен сум од првиот дел, но не и од второто полувреме иако постигнавме гол на крајот. Се гледа дека е крај на сезоната, момците се уморни. Македонија секако нема да биде туристички на Европското првенство. Не е ова куртоазија. Не ми се само симпатични репрезентативците на Македонија, секако имаат голем квалитет и верувам дека сите ривали не се многу среќни што ќе ги имаат за противници на ЕП“, изјави Матјаж Кек, селекторот на Словенија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski